На објектите кои ќе го помагаат функционирањето на Олимписките игри во Сочи се отворени 7.000 слободни работни места. Притоа, во Русија има 879.000 невработени. Споредувајќи ги цифрите, во Министерството за труд на Русија решија да префрлат дел од потенцијалната работна сила на југот на државата. Според мислењето на експертите, на овој начин невработените Руси ќе можат да ги истиснат во регионот надојдените емигранти.
Како што пренесе во петокот директорот на одделот за вработување при Министерството за труд на Русија, Светлана Нечаева, министерството испратило писмо во регионот со молба да се организира информирање на невработените граѓани за можностите за вработување на привремена или постојана работа на олимписките објекти. На работа се покануваат организациите во сферата на транспортот, општествената исхрана и хотелскиот бизнис. Тие се подготвени да дадат живеалиште, осигурување и зголемување на квалификациите, како и плаќање за самото преселување.
Според информациите на Министерството за труд, најбарани професии во моментов во Сочи се: готвач, шумски инженери, чувари, пекари, бармени, шивачи, келнери, администратори, работници во перални, водоводџии, возачи, истоварувачи, продавачи и електричари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче