Како што е објавено на официјалната интернет-страница на Министерството за одбрана на Русија, тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач на Северната флота „Петар Велики“ го продолжува своето долго пловење и во моментов се наоѓа во Атлантскиот океан. Крстосувачот се наоѓа во областа западно од Ирска, каде изведува маневри.
Крстосувачот „Петар Велики“ ова пловење, кое ќе трае неколку месеци, го реализира во рамките на програмата за повторно воспоставување на редовно присуство на бродовите на Руската воена морнарица во стратешки значајните реони во светскиот океан. Од главната база на Северната флота, градот Североморск, крстосувачот „Петар Велики“ исплови на 22 октомври. Во текот на првата недела од патувањето крстосувачот помина преку 1.800 морски милји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче