Италијанските шивачи направија за невеста од Русија свадбен фустан за 500.000 евра

Италијански шивачи од ателјето Singore сошија за богата невеста од Русија свадбен фустан за 500.000 евра.

Италијански шивачи од ателјето Singore сошија за богата невеста од Русија свадбен фустан за 500.000 евра.

За неговото создавање беа потрошени 500 работни часа. Фустанот е во стил од 30-те години и е сошиен по специјална нарачка со специјална свила, украсена со брилијанти, бисери и кристали, соопштено е во EuroMag.

Скапиот фустан ќе биде прикажан во Неапол во рамките на изложбата Tuttosposi, посветена на организацијата на свадбата. Тој фустан ќе биде пратен во Русија, каде руските јувелири ќе додадат дополнителни 20 брилијанти, избрани лично од невестата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња