Турција ќе се откаже до соработката со кинеската фирма за производство на зенитни системи до голема радиус на дејство само ако компанијата реши да го поништи тендерот, забележа премиерот на Турција, Реџеп Ердоган.
Ердоган подвлече дека Турција ќе купи кинески зенитен систем само доколку кинескиот произведувач е подготвен да соработува во производството со Турција, пишува Zaman.
„После кинескиот систем, заедничкото производство со Франција и Италија чини дополнителни 1 милијарда долари, па САД со 1,2 милијарди долари, а Русија бара дополнителни 4 милијарди долари, но рускиот систем е најдобар од гледна точка на квалитетот и радиусот на дејство“, изјави Ердоган.
Притоа, како одговор на незадоволството на САД и НАТО во врска со изборот на Анкара, турскиот премиер подвлече дека девет земји-членки на Алијансата сѐ уште имаат во своето вооружување ракети од руско производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче