САД почнаа истрага во врска со металуршките производи од Русија

Министерството за трговија на САД објави за почеток на антидампинг истрага во врска со електрочеликот кој се увезува од Кина, Чешка, Германија, Јапонија, Република Кореја, Полска и Русија.

Министерството за трговија на САД објави за почеток на антидампинг истрага во врска со електрочеликот кој се увезува од Кина, Чешка, Германија, Јапонија, Република Кореја, Полска и Русија. Резултатите од оваа истрага би можеле да доведат до тоа американската влада да воведе казнен данок за тие производи на американскиот пазар кои доаѓаат од овие осум земји.

„Во Министерството за трговија на САД наведуваат дека оваа истрага е покрената како одговор на петицијата која заедно ја поднесоа ‘AK Steel Corporation’, ‘Allegheny Ludlum LLC’ и корпорацијата ‘The United Steelworkers’“, пренесува кинеската информативна агенција „Синхуа“.

Прелиминарната одлука за ова прашање ќе биде донесена после 20 ноември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња