Грузиски политичар: Запад ја окупираше Грузија

Сите приказни за тоа дека Михаил Саакашвили го избра грузискиот народ се лага, бидејќи во последниве 15 години во Грузија на власт се луѓе кои соработуваат со Американците, смета лидерот на „Друштвото на Ираклиј Втори“, Арчил Чкоидзе.

Според неговите зборови, никој не го ни побарал мислењето на грузискиот народ, посебно кога Саакашвили беше избран за вториот мандат. Саакашвили во 2008 година остана на власт под притисокот на Западот, и тоа во услови на диктатура со помош на фалсификати, објасни Чкоидзе.

„Сакам да ги потсетам сите оние кои денес кажуваат дека народот го избра Саакашвили дека во реалноста земјата е окупирана од Западот. Окупирана е владата, опозицијата и повеќето медиуми. Иако во повеќето анкети, спроведувани од Американците, анкетираните се изјаснуваат за подобрување на односите со Русија, никој не посветува внимание на мислењето на народот, а телевизиските канали и медиуми продолжуваат со интензивната пропаганда за НАТО и Западот“, истакна Чкоидзе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.