Војниците и офицерите на руската армија ќе добијат потсетници со текстовите на државната химна и „друга потребна информација“. Ова го пренесува Интерфакс, повикувајќи се на мајорот Антон Гончаров, претставник од Министерството за одбрана.
„Ваквите материјали ќе им бидат поделени на сите војници и офицери на Армијата од 1 декември 2013 година“, изјави Гончаров.
Според неговите зборови, ова треба да им помогне на војниците „подобро да се ориентираат околу основните прашања за време на службата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче