Во текот на минатите два и пол месеца над 5.000 војници од Источниот воен округ учествуваа во борбата против поплавите и нивните последици на територијата на Далечноисточниот федерален округ. Нив Министерството за одбрана ги одликуваше со орденот „Учесник во борбата против поплавите на Амур“, соопштено е за новинарите на конференцијата за печатот при ДФО.
Орденот „Учесник во борбата против поплавите на Амур“ беше воведен во септември годинава со одлука на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Први носители на ова државно одликување се 923 припадници од специјалната бригада за атомско-биолошко-хемиска одбрана, како и од специјалните железнички бригади.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче