Товарниот вселенски брод ATV-4 ја заврши операцијата за зголемување на висината на Меѓународната вселенска станица, пренесе претставник од рускиот Центар за управување со летовите (ЦУП).
Моторите на бродот работеле 256,6 секунди, со што станицата доби импулс од 0,62 м/сек. Сега висината на орбитата на Меѓународната вселенска станица изнесува 417,9 километри.
„Целта на операцијата беше да се создаде работна орбита на МВС и соединување со бродот „Сојуз ТМА-11М“ со кој управува новата експедиција на МВС“, изјави претставникот од ЦУП.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче