Пушков: Само Америка се занимава со шпионажа на глобално ниво

Алексеј Пушков, шеф на Одборот за меѓународни работи во Државната дума, смета дека ниту една земја, освен САД, не се занимава со шпионажа на глобално ниво.

Алексеј Пушков, шеф на Одборот за меѓународни работи во Државната дума, смета дека ниту една земја, освен САД, не се занимава со шпионажа на глобално ниво.

„Не треба да се пишуваат бесмислици во стилот ’сите ги шпионираат сите’. Никој освен САД не се занимава со електронска шпионажа во толкави димензии. Одовде и големината на скандалот“, напиша Пушков на својот Твитер.

Скандалот околу прислушувањето на шефовите на европските земји изби неодамна, после натпис во медиумите, основан на документите кои ги добиле од Едвард Сноуден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.