Во текот на последните неколку дена четири големи десантни бродови (БДК) на Руската морнарица заминаа во Средоземното море, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на воено-дипломатски извори. Според податоците со кои располага агенцијата, во неделата низ Босфорот поминал БДК „Новочеркеск“ од Црноморската флота, а во понеделникот БДК „Минск“ од Балтичката флора и БДК „Јамал“ од Црноморската флота. Во средата во Средоземното море преку Гибралтарскиот проток помина БДК „Азов“ од Црноморската флота, кој е упатен од Батијск (Калининградска област).
„Дислокацијата на големите десантни бродови се одвива според планот за ротација ан бродовите од оперативната формација на Руската морнарица во Средоземното море“, објасни соговорник на агенцијата.
Во моментов во составот на оперативната формација на Руската морнарица се наоѓаат преку 10 борбени и помошни бродови од три флоти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче