Странците ќе мора да научат руски јазик ако сакаат да работат во Русија

Федералната служба за миграција (ФМС) од 2015 година ќе бара од сите странци кои сакаат да работат во Русија да завршат курсеви по руски јазик за да можат да добијат дозвола за работа.

Федералната служба за миграција (ФМС) од 2015 година ќе бара од сите странци кои сакаат да работат во Русија да завршат курсеви по руски јазик за да можат да добијат дозвола за работа.

„Соодветниот нацрт-закон во моментов се разгледува во Државната дума“, изјави првиот заменик директор на ФМС, Екатерина Егорова за руското радио „Вести ФМ“.

Да потсетиме дека кон крајот на 2012 година претседателот Владимир Путин воведе задолжително полагање испит за познавање на рускиот јазик за емигрантите од земјите со безвизен режим кои се вработени во сферата на комуналните услуги, трговија или услужна дејност. Освен тестовите за руски јазик, ФМС во 2012 година предложи и воведување на испит за проверка на знаењата од историјата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња