Во случај Украина да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ, украинските стоки ќе бидат лишени од многу предности и даночни олеснувања на рускиот пазар, пренесува Интерфакс.
„Ние го задржуваме правото да го користиме протоколот број шест од Договорот ЗСТ, за да си го заштитиме нашиот пазар. Тоа не значи дека ние ќе забраниме увоз на украински производи на рускиот пазар, туку тоа значи дека тие стоки нема да имаат даночни олеснувања“, изјави Владимир Путин на конференцијата за печатот после самитот на Евроазиската унија во Минск.
Според неговите зборови, во оваа ситуација украинските стоки ќе го имаат истиот третман како и сите останати стоки кои доаѓаат надвор од ЗНД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче