„Калашников“ на изложбата во Москва ќе прикаже преку 50 модели на оружје

Концернот „Калашников“ на изложбата „ИНТЕРПОЛИТЕХ-2013“, која се одржува од 22 до 25 октомври во Москва, ќе претстави преку 50 модели на оружје.

Концернот „Калашников“ на изложбата „ИНТЕРПОЛИТЕХ-2013“, која се одржува од 22 до 25 октомври во Москва, ќе претстави преку 50 модели на оружје.

На штандот на „Калашников“ ќе бидат изложени преку 50 модели на воено и цивилно оружје кое е занимливо за министерството за одбрана и за другите безбедносни сили на Русија и другите држави.

Изложени се како нови, така и веќе познати модели на вооружување. Концернот „Калашников“ во јавноста го претстави карабинот „Сајга-МК-107“, како и автоматите од „стотата“ серија СВ-99, СВ-98 и СВД, професионалниот карабин 18,5 КС-К, фабрички модернизираните модели на АК-74, како и автоматските пиштоли „Витез-СН“ и „Бизон“.

„На штандот на „Калашников“ ќе претставиме целосен спектар на руско оружје кое може да се користи во одбраната на нашата земја. Нашиот концерн покрива 95% од вкупното производство на воено оружје во Русија, и сета таа сила ќе биде претставена на изложбата „Интерполитех-2013“, истакна генералниот директор на концернот, Константин Бусигин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња