Активистите на „Гринпис“ наместо за пиратство, обвинети за хулигантство

Истражниот комитет на Русија (СКР) го преквалификуваше обвинението против 28-те активисти на „Гринпис“ во случајот на заземањето на платформата „Приразломна“ во Печерското море на 18 септември.

Истражниот комитет на Русија (СКР) го преквалификуваше обвинението против 28-те активисти на „Гринпис“ во случајот на заземањето на платформата „Приразломна“ во Печерското море на 18 септември. Претходно Путин изјави дека не ги смета еколозите за пирати, а на 18 октомври 11 добитници на Нобеловата награда за мир упатија писмо до претседателот на Русија со молба обвинението да се повлече.

Официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин, изјави дека истражните органи донеле одлука за „преквалифицирање на обвинението во кривично дело од став 2 член 213 од КЗ на Русија (хулиганство, т.е. грубо кршење на редот).“ Според ова обвинение, активистите можат да бидат обвинети со голема парична казна, принудна работа до 5 години, или лишување од слобода до 7 години, додека со обвинението на пиратство им се закануваше казна до 15 години затвор. Освен тоа, осудените за хулиганство во Русија најчесто добиваат условна казна затвор до 3 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.