Русија ќе добие уште повеќе пари од Кина

Посетата на премиерот Дмитриј Медведев во Кина стана уште една презентација на успешната енергетска соработка меѓу Руската Федерација и Кина. Кинеската страна е подготвена да издели десетици милијарди долари за испорака на нафта, гас и електрична енергија. Засега никој не изјавува дали и какви попусти се дадени на кинеската страна од Русија.

За време на средбата меѓу премиерот Медведев и кинеското раководство, една од главните теми на кои се разговарале била и диверзификацијата на трговијата меѓу двете земји. Почнувајќи од 2009 година, Кина станува увозник пред сѐ на енергетски суровини. Во 2012 година, при вкупен трговски баланс од 88 милијарди долари, рускиот увоз изнесувал 44 милијарди долари, но само 0,7% од тие средства биле машини и опрема, а дури 69% - енергенси.

Медведев активно се залагал и за промовирање на иновациската соработка меѓу Русија и Кина.

Според зборовите на кореспондентите на весникот „Комерсант“, договорите меѓу Русија и Кина кажуваат дека Пекинг ќе го продолжи курсот на активна кредитна експанзија во енергетиката на Русија. Иако темпото на раст на економијата на Кина се намалува, на пленумот во ноември Комунистичката партија на Кина ќе прогласи мерки за зголемување на економскиот раст на Кина преку зголемување на внатрешната побарувачка, наместо досегашните масовни инфраструктурни проекти - а растот на внатрешната побарувачка е единствено можен со намалување на цените на струјата, нафтата и гасот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.