Медведев: падот во трговијата меѓу Русија и Кина е заменет со раст

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Кеџјан, во текот на официјалната средба во Кина изразија надеж дека обемот на заемната трговија меѓу двете држави во иднина ќе надмине 100 милијарди долари, пренесува „Интерфакс“.

„Ситуацијата во светската економија е тешка, и ние констатиравме дека во почетокот на оваа година е забележан пад во трговијата, но тој пад успеавме да го прекинеме - трговијата повторно расте“, изјави Медведев.

„100-те милијарди за кои зборувавме претходно, дури и во услови на тешка економска конјуктура, сметам дека можат да се достигнат“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.