Дефектниот сателит на ГЛОНАСС излезе од сателитската формација

Сателитот „Глонасс-М“ број 728 е исфрлен од групата сателити на системот за глобално позиционирање, пренесува РИА Новости.

Сателитот „Глонасс-М“ број 728 е исфрлен од групата сателити на системот за глобално позиционирање, пренесува РИА Новости.

„Прекината е работата на космичкиот апарат „Глонасс-М“ број 728“, изјавија во аналитичкиот центар на Роскосмос.

Сателитот број 728 во јули 2013 година беше деактивиран поради отсуство на сигнал.

Според информацијата на агенцијата, тој беше лансиран на 25 декември 2008 година, а започнал со работа на 20 јануари 2009 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња