Актерот Силвестер Сталоне наслика неколку слики специјално за својата изложба која се одржува во Рускиот музеј во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости.
„Кога Сталоне дозна летово дека ќе има изложба во Рускиот музеј, тој специјално наслика шест-седум слики за таа експозиција. Според техниката, тие малку се разликуваат од неговите претходни дела. Тие се поминималистички“, изјави заменикот директор за научна работа во Рускиот музеј, Евгенија Петрова.
Во музејот сметаат дека делата на Сталоне потпаѓаат во жанрот апстрактен експресионизам. „На изложбата има негови дела кои се посветени на неговите пријатели. Исто така има и дела кои се посветени на неговиот загинат син“, изјави Петрова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче