Путин одобри отпуштање на функционери поради меѓунационални конфликти

Владимир Путин го потпиша федералниот закон со кој се дефинираат овластувањата и одговорностите на регионалните и градските функционери во сферата на меѓунационалните односи, објавено е на 22 октомври на интернет-страницата на Кремљ.

Овој документ, кој го одобри Советот на Федерацијата на 16 октомври, а Државната дума ден порано, ќе стапи на сила од моментот на официјалното објавување.

Потпишаниот закон пропишува државните службеници на различни нивоа да обезбедат гаранции за почитувањето на човековите права и слободи независно од расата, националноста, јазикот и верата. Функционерите исто така мораат да го спречат ограничувањето на правата и дискриминацијата. Во законот посебно е пропишано барањето и обврската за социјална и културна адаптација на емигрантите. Началникот на градската управа за образование или началникот на локалната администрација може да биде отпуштен доколку дозволи масовно кршење на човековите права и слобода врз основа на расна, национална и верска основа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.