Русија треба да го промени моделот на економски и раст - треба да престане да биде зависна од зголемувањето на цените на нафтата. Ова се кажува во извештајот на ММФ за руската економија.
Во организацијата сметаат дека Русија треба да се ориентира на ефективно искористување на ресурсите и подобрување на инвестициската клима.
Според мислењето на економистите, забрзувањето на економскиот раст во Русија во среднорочна перспектива ќе се обезбеди само со комплекс реформи - зголемување на продуктивноста на трудот, „подобрување на инвестициската клима, подобрување на механизмите за управување и транспарентност.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче