Литванија сака да го тргне споменикот посветен на советските војници чија реставрација ја плати Русија

Локалната самоуправа во литванскиот град Биржај ја разгледува судбината на споменикот посветен на советските војници-ослободители, кој се наоѓа на воените гробишта во централниот дел на Биржај.

Локалната самоуправа во литванскиот град Биржај ја разгледува судбината на споменикот посветен на советските војници-ослободители, кој се наоѓа на воените гробишта во централниот дел на Биржај. Пратеникот на литванскиот сејм, Кјастутис Масјулис, член на конзервативната партија, не чекајќи ја одлуката од градските власти - бара споменикот да се тргне од гробиштата, пренесува дописник на РЕГНУМ.

Масјулис на 21 октомври објави отворено писмо кон градоначалникот на Биржај, Ирут Важен, во кој наведува дека СССР на Литванија и донел само несреќа, и дека „окупаторите“ не се никакви „ослободители“. Во писмото Масјулис ги набројува ужасите, кои според него, Литванија ги претрпела под советскиот режим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.