Позитивните ефекти од евроазиската интеграција врз економијата и стопанството на Русија, Белорусија и Казахстан ги надминуваат негативните, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на 21 октомври за време на средбата со учесниците на меѓународниот глобален самит на Младите лидери во рамките на Светскиот економски форум во Москва, а пренесува „Регнум“, повикувајќи се на прес-службата при МНР на Русија.
„Се трудиме процесот на евроазиската интеграција да биде што потранспарентен. За нас ова е ново искуство кое има и свои негативни страни бидејќи брзо се рефлектира на економијата и стопанството на сите земји-членки на Царинската унија. Меѓутоа, позитивното влијание врз економијата на Русија, Белорусија и Казахстан е неоспорно и ги надминува сите негативни фактори. Нашата отвореност го потврдува фактот дека Киргистан наскоро ќе добие „да“ за членство во Царинската унија, а интерес покажа и Ерменија. Очекуваме списокот на заинтересирани да биде сѐ подолг доколку постои подготвеност за прифаќање на основните принципи на нејзиното функционирање“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче