Според информациите на Истражниот комитет на Русија, бомбашот-самоубиец Наида Асијалова е одговорна за терористичкиот напад во Волгоград, кој таа го планирала заедно со сопругот Дмитриј Соколов, 25-годишниот Руслан Казанбиев и 25-годишниот Курбан Омароц, за кои се смета дека го извршиле терористичкиот напад во Махачкала на 3 мај 2012 година. Тогаш загинаа 14 луѓе, а преку 100 беа ранети.
Од Истражниот комитет е соопштено дека терористичкиот напад требало да се случи во Москва. Сепак, засега поради непотврдени причини Наида Асијалова го активирала експлозивот во Волгоград. Според изјавите на очевидците, бомбата експлодирала практично веднаш откако влегла Наида во автобусот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче