Алексеј Кудрин смета дека на руската економија ѝ се потребни емигранти

Поранешниот министер за финансии на Русија, Алексеј Кудрин, смета дека руската економија не може да издржи без емигранти. Тој не исклучува дека во иднина може да се зголеми и бројот на емигранти од европските држави, пренесува РИА Новости.

„Русија во следниве години ќе стане држава со дефицит на работна сила. Ние и сега не можеме без емигранти, но емиграцијата во секој случај треба да се регулира, треба да биде легална“, изјави Кудрин во рамките на форумот „Стратешко планирање во регионите и градовите на Русија“.

Кудрин смета дека треба да се повикуваат квалифицирани специјалисти кои зборуваат руски. „Јас мислам дека наскоро ќе се појават во Русија емигранти од источноевропските држави, па дури и од Шпанија - бидејќи кај нас животниот стандард веќе е сличен, а имаме и интересни перспективи“, забележа тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња