Растот на БДП во Русија од јануари до септември годинава изнесува 1,5%, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на министерот за економски развој, Алексеј Улјукаев.
„Се плашам дека засега има малку позитивни сигнали, и ние како и претходно се наоѓаме во стагнација: темпото на економски развој се наоѓа на нивото од 1,5%“, појасни Улјукаев.
Министерството за економски развој се држи на прогнозата дека економијата ќе порасне за 1,8%. „Јас сметам дека таа цел може да се постигне, и затоа ќе дадеме сѐ од себе“, изјави Улјукаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче