Градоначалникот на Москва не гледа причина за интеграција на емигрантите од Средна Азија

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека се противи на целосната интеграција на емигрантите од азиските републики од поранешниот СССР.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека се противи на целосната интеграција на емигрантите од азиските републики од поранешниот СССР.

„Ако некој треба да се интегрира, тоа треба да се доселениците од земјите кои ни се културно поблиски во поглед на јазикот и историјата. Тоа можат да бидат луѓе од Украина и Белорусија. Луѓето од Средна Азија не може лесно да се интегрираат. Не гледам ниту една причина овде да ги населуваме“, изјави Собјанин во интервју за „Комерсант“.

Градоначалникот на рускиот главен град истакна дека московските власти не водат политика во правец на привлекување на емигранти. „Ние не ги повикуваме нивните семејства, не се обидуваме овде да ги населиме, не се трудиме овде да ги вработиме, ниту за нив даваме места во детските градинки. На тој начин ние би ја повикале овде половина Средна Азија“, изјави градоначалникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња