Шефот на Руската академија на науки, Владимир Фортов, смета дека науката и религијата имаат заедничка задача да ги просветуваат Русите. Како што пренесува Интерфакс, ова го изјави Форот в за време на „кружната маса“ во Санкт Петербург.
„Со религијата ние имаме заеднички задачи. Хиромантијата, хороскопите - со нив се борат сите конфесии. Тоа треба да се има предвид“, изјави Фортов.
„Луѓето сметаат дека сме се родиле заедно со електричната енергија и нуклеарната енегија. Треба да имаме предвид дека според анкетите - 35% од Русите (во САД ист процент) сметаат дека Сонцето се врти околу Земјата“, изјави академикот.
Според неговото мислење, за зголемување на општата култура потребно е „радикално да се измени работата со медиумите“, за да истите престанат да ги претставуваат научните откритија како нешто што само по себе се подразбира.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче