БМВ гради фабрика во Русија

Концернот „БМВ“ и руската компанија „Автотор“ започнаа со изградба во Калининград на заеднички кластер на територија од 1.200 хектари, на кој до 2020 година ќе се појави 21 фабрика.

Концернот „БМВ“ и руската компанија „Автотор“ започнаа со изградба во Калининград на заеднички кластер на територија од 1.200 хектари, на кој до 2020 година ќе се појави 21 фабрика, а пет од нив ќе произведуваат автомобили. Останатите ќе се занимаваат со производство на делови, транспортна и логистичка инфрструктура.

„Автотор“ започна да соработува со компанијата „БМВ“ уште во 1997 година. Во 1999 година во Калининград излегоа првите автомобили од локалната фабрика, а во август годинава „Автотор“ го произведе 100.000-от автомобил „БМВ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.