Губернаторот на Волгоградската област, Сергеј Боженов, изјави дека на семејствата на загинатите и настраданите од терористичкиот акт во Волгоград ќе добијат материјална помош, пренесува РИА Новости.
„Сите семејства на загинатите ќе добијат по 23.000 евра, семејствата на потешко повредените - по 10.000 евра, а на сите останати настрадани - по 2.300 евра“, изјави Боженов на местото на случката. Тој исто така забележа дека болниците во Волгоград веќе згрижиле 33 повредени лица кои се здобиле со повреди за време на експлозијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче