Русија поуспешна од САД и Јапонија во борбата против перењето пари

Руската делегација која ја предводи директорот на „Росфинмониторинг“ Јуриј Чиханчин, во седиштето на меѓународната организација Оперативна груа за финансиска акција (ФАТф) во Париз го даде извештајот за унапредувањето и усовршувањето на националниот систем за борба против перењето пари и финансиски тероризам.

Бидејќи рускиот извештај беше позитивен, се очекува дека ФАТф ќе ја поедностави процедурата за стандарден мониторинг, односно - Русија во иднина извештајот ќе го поднесува еднаш на две години, наместо секоја година, како досега. За разлика од Русија, во повеќето земји-членки на ФАТф, меѓу кои се и САД и Австралија, и понатаму се спроведува стандарден мониторинг, додека во Јапонија мониторингот е интензивиран, што подразбира инспекции од контролни мисии.

„Многу е важно тоа што нашиот извештај е оценет позитивно, бидејќи тоа значи дека Русија се приклучи во елитната група земји чии национални системи за спречување на перењето пари максимално се усогласени со меѓународните стандарди. Експертите на ФАТф дури спомнаа дека ’Русија се наоѓа на водечкото место во елитната група земји кои ефикасно се борат против перењето пари’’, се наведува во „Росфинмониторинг“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.