Федералната вселенска агенција на Русија („Роскосмос“) и Руската академија на науки (РАН) ќе создадат заедничка програма за одбрана од астероиди, изјави за новинарите директорот на „Роскосмос“, Олег Остапенко.
„Ние претходно договоривме состанок со (претседателот на РАН) Владимир Фортов. Засега ќе го разработиме прашањето (за одбрана од астероиди) во ресорот, а потоа ќе го решаваме заедно со научниците. Ние секако работиме во таа насока, тоа е интересна тема“, истакна директорот на „Роскосмос“.
Новите ракети-носачи и супертелескопи ќе ѝ помогнат на Русија во одбраната од астероиди и комети. Нацрт-програмата за одбрана од космички закани би можела да се појави во Русија веќе кон крајот на 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче