МНР на Русија одговори на германската изјава за ситуацијата во Бирјуљево

МНР на Русија на своите германски колеги, загрижени поради нередите во Бирјуљево, им препорача да посветат внимание на кршењето на човековите права во својата земја. Овој коментар го даде Константин Долгов, ополномоштен за прашањата за човекови права при МНР на Русија.

„Изјавата на официјалниот претставник на МНР на Германија за тоа како Берлин повеќепати ја има известено руската страна за својата ’загриженост’ поради случувањата - не одговара со реалноста. Би сакале нашите партнери да посветат повеќе внимание на тоа дека во други делови на ’демократска Европа’ продолжува и зајакнува ксенофобијата, ултрадесничарските и неонацистичките движења и ставови“, се наведува во соопштението.

МНР исто така додаде дека „одлучноста и стручноста со кои руските органи на редот реагираа за да ги прекинат уличните нереди, ниту на еден начин не претставуваат кршење на меѓународните обврски на Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња