Медиуми: Наместо САД, отсега воена помош на Египет ќе му дава Русија

Во надворешната политика на Египет се случуваат значајни промени. Најнаселената земја во арапскиот свет ја менува ориентацијата и бара поддршка од Русија.

Во надворешната политика на Египет се случуваат значајни промени. Најнаселената земја во арапскиот свет ја менува ориентацијата и бара поддршка од Русија. Израелската телевизија пренесува дека, бидејќи веќе САД прекина со испорака на оружје на Египет, Владата на таа земја се надева на помош од Русија.

Египетскиот министер за надворешни работи, Набил Фахми претходно изјави дека односите со САД „наишле на проблеми“ и дека Египет е принуден „да бара други извори“ за оружје и воена помош. Според толкувањето на израелската телевизија, под „други извори“ се мисли на Русија, со која Египет планира да склучи договор за купување на поголема количина оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.