Медиуми: Белорусија од Велика Британија ќе добие десетина милиони фунти преку ЕУ

Белорусија од Велика Британија и понатаму ќе добива десетици милиони фунти преку органите на Европската унија, пренесоа вчера руските медиуми, повикувајќи се на британскиот весник „Сандеј телеграф“.

Белорусија од Велика Британија и понатаму ќе добива десетици милиони фунти преку органите на Европската унија, пренесоа вчера руските медиуми, повикувајќи се на британскиот весник „Сандеј телеграф“.

Во рамките на програмата "EuropeAid"Минск само во минатата година доби помош од дури 32 милиони фунти. Претставниците на претседателот Лукашенско тврдат дека тоа се средства за подобрување на контролата на западната граница на Белорусија, со што ќе се допринесе за стабилноста на Царинската унија и сојузот меѓу Русија и Белорусија, како и во борбата против трговијата со наркотици.

Меѓутоа, белоруската опозиција тврди дека Лукашенко ја зголемува контролата на границата за да им оневозможи на политичките противници да побегнат на Запад, пишува „Сандеј телеграф“. Британските лабуристи сметаат дека треба да се преиспита давањето помош на Минск. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња