ВЦИОМ: Работата на Путин поддржана од 62% од граѓаните на Русија

Според резултатите од анкетата на Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ), спроведена во текот на октомври, повеќе од половината граѓани на Русија (62%) ја поддржува работата на Владимир Путин, а речиси секој втор анкетиран како негова најпозитивна карактеристика го истакнува политичкото искуство.

Според мислењето на граѓаните на Русија, позитивните карактеристики на претседателот Путин се политичкото искуство (47%), енергичноста и одлучноста (33%) и далековидоста (22%). За најнепопуларна се смета неговата политика кон Чеченија, со која се согласуваат само 6% од граѓаните, пишува „Известија“.

Кога станува збор за личните особини на рускиот претседател, 21% од анкетираните смета дека тој е правичен, 20% го сметаат за авторитативен, 19% ја издвојуваат неговата способност за управување и државничко искуство, 1 18% сметаат дека Владимир Путин е чесен и пристоен човек. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња