Депутатите во Државната Дума предлагаат во Русија да се создаде нов вид Вооружени сили кои ќе се обединат со сите средства и сили на противвоздушната одбрана под единствена команда. Оваа идеја ја изнесоа членовите на комитетот на Државната Дума за одбрана од фракцијата на Комунистичката партија на Руската Федерација - Владимир Комоедов, Александар Тернаев, Вјачеслав Тететкин и Владимир Бесонов.
Главните средства или сили на ПВО во моментов се наоѓаат под раководство на три различни структури: Военото воздухопловство, единиците на Воздушно-космичката одбрана и под командата на воените окрузи. Таквата расфрланост спречува ефикасно обезбедување на одбранбената способност на земјата, сметаат депутатите.
Со цел да се постигне единство на командата и да се структурира ПВО на земјата, предложено е единиците од Воено-космичката одбрана да се реформираат во посебен вид Вооружени сили, објасни Тетекин за „Известија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче