Вагата се скрши откако беше поставен метеоритот од Чебаркуљ

Нуркачите извлекоа од дното на езерото Чебаркуљ едно од најголемите парчиња од метеоритот кој падна таму на 15 февруари. При мерењето на метеоритот вагата се скрши, покажувајќи притоа 570 килограми.

Нуркачите извлекоа од дното на езерото Чебаркуљ едно од најголемите парчиња од метеоритот кој падна таму на 15 февруари. При мерењето на метеоритот вагата се скрши, покажувајќи притоа 570 килограми.

Операцијата за вадење на метеоритот, која го доби името „Челјабинск“, траеше неколку недели. За време на експедицијата од дното на езерото извадија 13 камења, од кои 11 се остатоци од небесното тело, изјавија научниците. Главната задача на нуркачите беше да се подигне на површината парчето со маса до 600 килограми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња