Нов дипломатски инцидент во Хаг: ограбен е станот на соработник во руската амбасада

Полицијата на Холандија го разјаснува грабежот во станот на соработник на амбасадата на Руската Федерација во Хаг, кој бил извршен во четвртокот на 17 октомври.

Полицијата на Холандија го разјаснува грабежот во станот на соработник на амбасадата на Руската Федерација во Хаг, кој бил извршен во четвртокот на 17 октомври.

Според податоците на холандските органи, грабежот се случил на улицата Бенстраат во Хаг. Зградата во која се наоѓал станот нема дипломатски статус, но становите во неа се издадени на соработници на амбасадата на РФ.

Во руската амбасада не го коментираат случајот.

Овој инцидент стана трет по ред во серијата дипломатски искри меѓу Москва и Хаг. Ноќта на 16 август беше нападнат холандскиот дипломат Оно Елдеренбош од страна на непознати напаѓачи во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.