Гардијан: Русија во замена за млеко во 1993 му понудила на Нов Зеланд нуклеарна подморница и ловци МиГ

Во британскиот „Гардијан“ на 15 октомври 2013 е објавен текст „Ракети за млеко“, во кој се наведува дека Русија во 1993 година на Нов Зеланд, чии вооружени сили се составени од само 3.053 војници, му понудила современо вооружување во замена за млечните производи.

Премиерот на Нов Зеланд, Џим Болџер се сеќава дека бил „целосно збунет“, кога во 1993 година потпретседателот на руската Влада, Александар Шохин, на преговорите му понудил испораката на млечни производи во Русија да ја плати со нуклеарна подморница и два авиона МиГ. После распадот на СССР, Русија на Нов Зеланд му должела 100 милиони долари за испорака на млечни производи. Болџер овие податоци ги проверил кај својот биограф Клајв Линд. Шохин, освен ова, му понудил на Нов Зеланд и тенкови, кои Русија во тоа време ги имала „премногу“. Изненадениот премиер морал да објасни дека воопшто не се разбира во „пазарот на половни тенкови“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња