До 2016 година Москва ќе добие 38 нови метро станици, известува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот на градоначалникот за градежни прашања, Марат Хуснулин.
Според неговите зборови, до 2016 година се планира завршување на копањето на Љублинско-дмитровската линија, Замоскворецката линија и Сокољничката линија. На Таганско-краснопресненската линија ќе се отвори станицата „Спартак“, а ќе се продолжат и други линии.
До крајот на ноември треба да се отвори станицата „Жулебино“ и „Лермонтовски проспект“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче