Возможниот технички дефолт на САД не носи ризици за руската економија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на шефот на Министерството за финансии на Русија, Антон Силуанов.
„Ние немаме краткорочни хартии од вредност, па за нас нема да има никаква опасност во случај да се случи, како што вие викате, дефолт. Но се надевам дека двете страни во САД ќе се договорат и ќе дојдат до заедничко решение“, изјави Силуанов.
Shutdown – „исклучувањето“ на владата на САД се случи на 1 октомври годинава. Федералните институции во САД ја прекинаа работата затоа што републиканците и демократите не можеа да се договорат за буџетот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче