Русија создава вселенски мотор за повеќе употреби

Истражувачкиот центар М.В. Келдиш победи на конкурсот за создавање на вселенски мотор од новата генерација за Роскосмос. Според техничките барања, моторот треба да се користи за летовите на ракетите кои допрва се создаваат, како и за вселенските системи МРКС-1.

Моторот треба да биде подготвен за тестирање во носачите на ракети во ноември 2015 година, и за таа цел се издвоени 14 милиони евра.

Со создавањето на моторот ќе се занимаваа претпријатијата „Енергомаш“ и Воронешкиот завод за механика.

Како што извести заменикот на генералниот директор на Центарот „Келдиш“, Арнолд Губерт, користењето на новите мотори ќе ги поевтини вселенските летови за 1,5 до 2 пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.