Лансирањето на првиот руски приватен сателит Duiria Experimental 1 (DX-1), создаден од руската компанија „Даурија Аероспејс“, ќе се одржи во февруари следната година со помош на ракетата-носач „Сојуз-2-1Б“, се кажува на интернет-страницата на „Сколково“.
„Даурија Аероспејс“ е основана од сопственикот на маркетите „Техносила“, Михаил Кокорич. Компанијата се занимава со разработка на мали вселенски апарати.
Во декември 2012 година „Даурија“ победи на тендерот на Роскосмос и доби договор на сума од 7 милиони евра за лансирање на два наносателита. На двата наносателита ќе биде инсталирана апаратура која ќе овозможи снимање на површината на земјата со резолуција од околу 20 метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче