Истражните органи осомничија двајца вахабити од Северен Кавказ за подготовка на терористички напад во Кировската област, при што стотици луѓе би можеле да го изгубат животот, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет на РФ, Владимир Маркин. Вахабитите се веќе приведени и се решава прашањето за нивно апсење.
„Осомничените од септември досега се подготвуваа за извршување на терористички напад врз објект каде се складира и уништува хемиско оружје во Кировската област, а со тоа би можеле да ги загрозат животите на стотина луѓе“, изјави Маркин.
Освен тоа, правосудните органи во текот на претресот пронајдоа екстремистичка литература и странски пасоши со имиња на осомничените.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче