Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе му нареди на Министерството за транспорт и 2Сибур-холдинг“ да го разгледаат прашањето за изградба на аеродром во Тобољск, пренесува „Прајм“.
„Претседателот смета дека пистата треба да ја изгради Министерството за транспорт, а зградата на аеродромот, заедно со сета останата инфраструктура - компанијата „Сибур“.
Прашањето за неопходноста од изградба на аеродром во Тобољск беше иницирано од шефот на холдингот, Дмитриј Конов, кој забележа дека во таков индустриски развиен град е потребен аеродром за да се намали времето на патување од соседниот Тјумењ, кој се наоѓа на 250 км од Тобољск.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.