Напаѓачите на холандскиот дипломат во Москва влегле во неговиот стан претставувајќи се како електричари, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор во органите за спроведување на законите.
Според податоците во московското МВР, имало двајца престапници, и двајцата облечени во портокалови елеци. Мажите се претставиле како електричари и побарале од 60-годишниот соработник на амбасадата на Холандија дозвола да влезат во станот за да извршат проверка, после што се нафрлиле врз него, го истепале и го врзале. После тоа тие нацртале срце на стаклото и напишале „ЛГБТ“.
Министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс изјави дека чека објаснување од властите на Русија во врска со тепањето на холандскиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче