Москва жали за инцидентот со холандскиот дипломат, се пренесува на интернет-страницата на руското МНР.
„Официјална Москва изразува жалење во врска со тажниот инцидент... кога во сопствениот стан е истепан советникот Оно Елдеренбос. Руските органи ги преземаат сите возможни мерки за барање и задржување на лицата кои се виновни за овој престап“, се кажува во коментарот на официјалниот претставник на МНР во Москва, Александар Лукашевич.
Според неговите зборови, руската страна е подготвена за „тесна соработка со холандските партнери за разјаснување на овој инцидент.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче