ММФ: Русија е заштитена од влијанието на буџетската криза во САД

Буџетската криза во САД, во случај на негативен развој на настаните, ќе има негативно влијание на светската економија, но врз Русија тоа влијание ќе биде минимално, смета постојаниот претставник на ММФ во Русија, Бикас Џоши.

„Русија во извесна мера е изолирана и заштитена, најмногу поради резервите и флексибилниот девизен курс. Тоа ќе ѝ помогне на Русија да ги ублажи ефектите од можните случувања во САД“, изјави Џоши на конференција за новинарите.

Поради одбивањето на републиканците да го усвојат буџетот, државните установи во САД делумно се затворени од 1 октомври, а поради неможноста за одобрување на нови заеми, земјата теоретски може да доживее банкрот на 17 октомври. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња