Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека прашањето за олеснување на визниот режим меѓу Русија и ЕУ треба да заземе едно од главните места на претстојниот самит, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според неговите зборови, „договорите околу олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Русија, како и прашањето за воведување на безвизен режим - на техничко ниво веќе се исполнети“. Министерот подвлече дека сега Европа треба да донесе соодветно политичко решение.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче